Здружението „Сплотени срца“ од Штип со помош на возачот на македонските репрезентативци од последното ЕП во Виена, Драган Митревски, организира јавна лицитација на дресовите на македонските ракометни репрезентативци.
Четворицата наши репрезентативци Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Жарко Пешевски, донираа дресови кои се потпишани и кои ги носеа на натпреварите во “Штадхале Арена”
Почетната цена за еден дрес е 50 евра, а плаќањето може да се изврши преку на интернет-страницата за трговија “E-bay”. Освен дресови, може да се најдат и голем број предмети од ракометарите, топки, сувенири…
Приходот од продажбата на дресовите ќе оди во хуманитарни цели – купување на земјиште за изградба на центар за престој на деца со посебни потреби во околината на Штип.
Сите заинтересирани може да бидат дел од лицитацијата на следниот ЛИНК, а таа ќе трае до 22 февруари.