Двојната програма во Гевгелија денеска не донесе многу добри резултати за домашните со оглед на тоа што после женската и машката екипа од овој град претрпе пораз, а подобри беа ракометарите на Драчево со 40:37.
Драчевци се изборија за три бода откако во поглемиот дел од средбата бев во предност. Гостите имаа контрола на резултатот и речиси постојано беа во предност така што на крајот остана само да ги потврдат бодовите.
Почетокот донесе надигрување во кое и гевгеличани имаа што да покажат. Домашните водеа во голем дел од првото полувреме, но како наближуваше паузата така стануваше јасно дека ќе биде тешко да се задржи предноста. Гостите успеаја да воспостават контрола и дојдоа до водство така што на одмор заминаа со 20:18.
После овие плус два на крајот од првиот дел од средбата во продолжение од натпреварот резултатот имаше поинаков тек. Драчево постојано беше во предност и имаше контрола. Мечот беше решен на десетина минути до крај кога Драчевци имаа 34:28. Домашните иако намалија, сепак, не можеа да издржат за да се вратат целосно што значеше победа и нови три бода за тимот од Скопје, кој има место во плеј-офот.
ПАРТИЗАН – ДРАЧЕВО 37:40 (18:20)
Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Ѓорѓи Дучков од Гевгелија.
ПАРТИЗАН: Костадинов, Георгиев, Љатев, Зајков, Башов, Д. Узунчев 8, Т. Узунчев 15, Банцалиски 1, Лисичков 11, Џалев 2, Ангелов, Динев, Костадинов
Седмерци: -, Исклучувања: 12 мин.
ДРАЧЕВО: Кизиќ, Станиќ, Ристовски, Димовски 6, Дабевски 2, Вујиќ 1, Јаховиќ 2, Ангелов, Андовски 9, Матовски 4, Петковски 12, Стојановски
Седмерци: 6/8, Исклучувања: 2 мин.