Ракометарите на Драчево одработија добар натпревар против Борец и дојдоа до нови три бода победувајќи со 34:27 и на тој начин го потврдија пласманот во плеј-офот во Првата машка лига.
Драчевци одработија одличен натпревар и во ниту еден момент немаа проблеми за да дојдат до триумф. Победникот беше решен уште во првите 30 минути, а предноста растеше уште од стартот. Средбата почна со 3:0 и до крајот од првото полувреме предноста беше постојано зголемувана.
На одмор се замина со 15:9, а овие шест гола разлика во вториот дел беа главно одржувани и зголемени до девет гола. Драчево имаше целосна контрола така што беше прашање само со кој резултат на крајот ќе се обезбеди победата.
Со новите три бода беше одржан чекорот со Вардар Неготино во Групата А така што плеј-офот е потврден и може да се прави планот како понатаму во сезоната.
ДРАЧЕВО – ГРК БОРЕЦ 34:27 (15:9)
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.
ДРАЧЕВО: Христов, Ангеловски, Ристовски 2, Димовски 5, Дабевски 7, Атанасовски, Стојановски 1, Вујиќ 1, Јаховиќ 1, Ангелов 1, Андовски, Матовски 4, Стојковски 1, Петковски 11
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 6 мин.
ГРК БОРЕЦ: Митревски, Велковски, Таневски, Ристевски 1, Ристовски 2, Стојанов 1, Табаков 7, Атанасовски, Миленков 1, Андовски 1, Кузмановски 1, Лазаревски 1, Сиљанов 4, Стојанов 6, Гугуталиев 1, Минов 1
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 10 мин.