Домаќинот на третиот турнир од Групата А во Првата машка лига, Преспа имаше одлично прво полувреме против составот на Драчево, но остана без бодови откако тимот од Скопје успеа да се врати во средбата и да дојде до три бода после победата од 25:24.
И двете екипи добија по едно полуреме. Преспа имаше контрола на играта особено во заршницата на првите 30 минути. При 8:8 ракометарите на Преспа успеаја да казнат неколку грешки на драчевци кои не можеа да се снајдат најдобро.
Подобрата игра донесе предност од 15:10 на полувреме во корист на составот од Ресен. Преспа имаше резултат кој најавуваше победа, но работите се изменија наеднаш. Само што почна второто полувреме следуваше шок за домашните. Од 15:10 резулатот дојде до 17:21 така што дојде до комплетно менување на играта.
Драчево ја презеде контролата и го диктираше темпото. Имаше повеќе од играта во второто полувреме, но потоа и домашните се вратија и успеаја дури и да израмнат на 21:21. Следуваше игра гол за гол, а херојот на гостите беше најефикасниот на средбата, Филип Дабевски кој ги постигна последните два гола во финишот за конечни 25:24 во корист на Драчево.
ПРЕСПА – ДРАЧЕВО 24:25 (15:10)
Сала: „Зоран Стојановски“ во Ресен. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.
ПРЕСПА: Ставревски, Беличовски, Тасевски, Мирков, Даскаловски 1, Камчев 5, Савевски 1, Божиновски 2, Ќосевски 1, Георгиевски, Милошевски, Шабединовски 1, Башевски 6, Шиклевски 7.
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 16 мин.
ДРАЧЕВО: Павловски, Пејковски, Петровски, Димовски 1, Тевдовски, Трајковски, Андовски 5, Ристовски 1, Соколовски, Дабевски 8, Николовски, Ангелов 7, Атанасовски, Петковски, Јаховиќ 3, Ангеловски.
Седмерци: 5/8, Исклучувања: 10 мин.