Ракометарите на Драчево, кои од поодамна имаат обезбедено место во плеј-оф фазата од Првата лига, во натпревар од 17. коло одиграа рутински против Преспа, триумфираа со десет гола разлика, 25:15.
Ракометарите на Велимир Настески денешната задача ја завршија уште во првото полувреме, кое го добија со осум гола разлика, 11:3.
Преспа поради кратката клупа во ниту еден момент не можеше да им парира на гостите, но за разлика од првиот дел, во кој постигна само три гола, во вторите 30 минути реализираше 12 пати.
Најефикасни во победничката екипа беа Ѓорѓи Дука со девет и Димитар Петковски со шест погодоци. Кај Преспа најефикасен беше Бојан Поповски сп шест гола.