Тимот на Драчево со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во Првата лига, откако дома славеше против Астраион со 35-28.
Избраниците на Велимир Настески имаа мали проблеми со струмичани во првиот дел, но во финишот на полувремето до убава предност од шест гола, 19-13.
Во второто полувреме домашните водеа во два наврати и со десет гола, но се опуштија малку во финишот.
Тоа го искористи Астраион, па на крајот си замина со пристоен пораз од шест гола разлика, 35-28.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа Ѓорѓи Дука со девет гола и Лазар Стојанов со шест, додека Васе Наков даде 13 за Астраион.