Португалија дојде до првата победа на Олимписките игри во Токио откако беше подобра од составот на Бахреин со еден гол разлика, 26:25. Бахреинците втор меч по ред губат со еден гол и промашија пенал за реми со Португалија.
Ракометарите на Португалија во првите минути беа во предност, но Бахреин од 10. минута тргна во освојувањето на бодовите, израмни на 6:6, а потоа преку Ахмед Мохамед го имаше своето прво водство од 7:6. До 20. минута, Бахреин се одржуваше резултатски и во еден период имаше и три гола предност, 9:6.
Во последните десет минути од првиот дел, избраниците на Пауло Жорге Переира пропуштија неколку шанси за целосно враќање во игра. Бахреин ги искористи грешките на Португалците и замина на полувреме со предност од еден гол разлика 15:14.
Во вториот дел, Португалија израмни на 15:15 и во наредните минути заостануваше на еден до два гола негатива. Репрезентативците на Бахреин во текот на 45. минута имаа предност од 21:20 и целосно имаа контрола на резултатот до 52. минута.
Во последните осум минути, Португалија конечно дојде до израмнување преку Мартинс Мигел, 24:24, и најави интересен финиш на натпреварот. Бахреин го врати водството од еден разлика, 25:24, а Португалија за неколку секунди повторно израмни, 25:25. Во последните минути, Педро Портела беше успешен преку седмерец за 26:25 за португалската репрезентација, додека Бахреин на 20 секунди пред крајот не успеа да израмни преку пенал.
Најефикасен во репрезентацијата на Португалија беше Педро Портела со шест гола. Во поразениот табор, Ахмед Мохамед беше најефикасен со осум гола.