Репрезентацијата на Египет по две продолженија славеше над Унгарија со 36-35 (28-28, 17-11) , триумф кој на ракометарите на Парондо им го донесе 7.место на Мундијалот во Полска и Шведска.
Египет уште на стартот со серија од 4-0 најави во кој правец ќе се одвива овој натпревар. Унгарците тешко се снаоѓаа против цврстата египетска одбрана, а немаа одговор и за расположените Мамдух, Хешам и Зеин.
Египет константно го зголемуваше своето водство кое во првото полувреме стигна до највисоки +7, 16:9 и на полувреме замина со 17:11.
Унгарците влегоа помотивирано во продолжение па на средината на вториот дел успеаа да стопат половина од негативата на полувреме 22:19. Ракометарите на Чема Родригез се бореа фајтерски до крајот, постепено топејќи ја предноста на противникот а последните пет минути од натпреварот донесоа вистинска ракометна драма.
Репрезентацијата на Египет имаше сигурно воство од 28-24 на пет минути до крајот, и кога сите во салата помислија дека ќе стигне до лесен триумф, се случи чудо. Унгарците направија серија од 4:0, а Бодо со својот 6.гол во последните секунди израмни на 28-28 и ја однесе својата репрезентација во продолженија.
Во продолженијата се играше израмнето на двете страни, па ниедна од двете репрезентации не успеваше да го зададе конечниот удар. Сепак со погодокот на Санад на триесетина секуди до крајот на второто продолжение Египет успеа да победи со 36-35, и по тешка борба да го освои 7.место на Мундијалот во Полска и Шведска.
Најпрецизен во репрезентацијата на Египет и воедно на натпреварот беше Зеин со 12 голови ,додека во унгарскиот состав Бодо и Лекаи седум пати ја погодија противничката мрежа.
Со оваа победа Египет предводен од Парондо успеа да се пласира на седмо место на Миндијалот, а Унгарците се најдоа едно место подоле на 8. позиција.