Драма, две продолженија и Суперкуп трофеј за Бенфика по 160 минути на терен!

Тимот на Бенфика го освои трофејот во Суперкупот на Португалија, откако во финалето на Ф4 славеше против Спортинг во драматичен натпревар со 45-43.

Иако Бенфика водеше со седум гола разлика, сепак на крајот упорниот Спортинг го однесе мечот во продолженија, откако во регуларниот дел беше 32-32.

По првите десет минути од продолжението беше 38-38, па мораше да се играат уште десет минути, во кои конечно Бенфика успеа да слави.

Ова е седми трофеј за Бенфика во ова натпреварување, но прв од 2018 година. Двата меча од Суперкупот, против Порто и Спортинг, Бенфика ги играше со по две продолженија, значи ракометарите минаа на терен 160 минути во два дена.