Тимот на Бенфика ја освои титулата во второто по ранг европско клупско натпреварување, откако во финалниот натпревар славеше против бранителот на круната, Магдебург, по продолженија со 40-39.
Двете екипи се менуваа во водството во првиот дел и имаа свои моменти, а на пауза Бенфика водеше со 15-14. Во вториот дел Гулеруд, Муше и Кристијансон му донесоа на Магдебург плус три, 17-20, највисоки дотогаш, но во 45. минута Бенфика се врати во игра и израмни на 23-23. Оттогаш имаше дури девет израмнувања на резултатот.
Се играше гол за гол, а во последната минути беа постигнати два гола. Магдебург поведе преку Магнусон на три секунди до крајот со 32-31, а домаќините на Ф4 организираа напад и буквално во последната секунда Боргес погоди за реми и продолженија. Судиите прегледуваа снимка и го признаа голот.
Магдебург водеше со 35-34 по првите пет минути, но голманот на Бенфика, Сергеј Ернандес бранеше одлични. Калман израмни на 35-35 на стартот на второто продолжение, и повторно продолжи играта гол за гол. Португалскиот тим доби две исклучувања, па Магнусон имаше лесна задача да погоди за 37-38, а Мореира израмни на 38-38.
На стартот на последната минути бундеслигашот промаши, Мореира азни за 39-38 на триесетина секунди до крајот. Магдебург повторно имаше техничка грешка и Бенфика веќе можеше да го слави трофејот. Боргес стрелаше за 40-38, а до крајот Магдебург само намали на 40-39.
Рамел даде 11 гола за Бенфика, додека Ѓорѓиќ постигна осум за Бенфика, а кај бундеслигашот се истакнаа Магнусон со 12 и Хорнке со осум погодоци.