Викендов се одигра завршницата на женскиот куп на Данска, каде што титулата ја освои екипата на Есбјерг. Во полуфиналниот меч, Есбјерг славеше над Хернинг Икаст а во финалето се соочи со тимот на Одензе кои ги совлада со резултат 32-21.
Интересна ситуација се случи на мечот за титулата. Мајката на Еставана Полман се нафрли кон раководните луѓе на клубот, бидејќи нејзината ќерка заигра само четири минути во финалниот меч со Одензе и покрај тоа што нејзиниот тим водеше со 10 гола разлика на 13 минути до крајот.
Тренерот на Есбјерг, Јеспер Јенсен, ја објасни целата ситуацијата.
„И кажав да ги одигра последните 10 минути. Сакаше и таа, но во моментот не беше загреана. Рече дека и требаат пет минути да се загрее, влезе во игра и ги одигра последните пет минути“, изјави Јенсен за ТВ2.
Холандската репрезентативка се бори да ја врати својата форма по низата повреди. По подолг период се врати во составот на Есбјерг а во неколку наврати беше надвор од тимот поради „дисциплински причини“.