ДРАМА во Куманово – шампионот со гол во последната секунда го доби дербито со Вардар!

Екипите на Куманово и Вардар одиграа интересен и максимално неизвесен натпревар во дербито од 5. коло во плеј-офот од Женската лига во салата Перон Наков во Куманово. После голема борба и неизвесност Куманово славеше победа од 29:28 со гол на истекот на времето.

Вардарки имаа подобар старт на натпреварот и почетно водство од 1:3 со головите на Миновска и два на Стојановска во првите пет минути. Потоа беше и 2:5 за Вардар што беше и највисокото водство што го имаше една екипа. Куманово не дозволи противникот да се одлепи и многу брзо израмни.

Џакмиќ, Нолевска и Граматова донесоа израмнување во 12. минута на 5:5. Во преостанатиот дел од полувреме се играше гол за гол и на паузата екипите заминаа со нерешени 14:14.

Неизвесноста продолжи до крајот на натпреварот, во последните десетина минути кумановки стигнаа до два позитива, но сепак во последната минута се влезе со израмнети 28:28. Куманово имаше напад за победа кој го искористи Наташа Нолевска со гол од десно крило за победа на својот тим.

Најефикасна во побеничкиот тим на Куманово беше Пена Граматова со осум погодоци, Коста Алмеида постигна пет гола, додека по четирипати погодија Цветановска, Нолевска, Кипријановска и Џакмиќ. Во тимот на Вардар со шест гола најефикасна беше Бојана Диневска со шест гола, а четири постигна Сара Миновска.

ПозЕкипаНПРЛБ