Ракометарите на Бутел Скопје се вратија на победничките патеки, откако по поразот во Битола од Еурофарм Пелистер 2, на домашен терен го победија незгодниот Тиквеш од Кавдарци со 22-21.
Домашните отворија со 3-1, но следуваа потоа беиздејни напади на домашните, голманот Стојаноски одбрани неколку удари и кавадарчани направија комплетен пресврт, 3-6.
Беше и 5-8 за Тиквеш, но полека почна да попушта концентрацијата кај гостите, па бутелци повторно ја преземаа контролата на теренот и поведоа со 9-8. Беше 10-10, но Пулјизовиќ со гол од пенал и Ѓоргиевски донесоа плус два за Бутел на паузата, 12-10.
Во второто полувреме Бутел поведе и со плус четири, 15-11, па 17-13, но гостите не се откажуваа од борбата за камбек, иако Чаневски им запре два пенали. Намалија на минус два, 19-17, имаа и напад, но не го искористија, па Мајиќ донесе 20-17.
Во последните пет минути се влезе со 21-20, а тоа беше најава за возбудувања во финишот. Пулјизовиќ од пенал зголеми на 22-20, а Темелкоски погоди за 22-21 на две минути до крај.
Гостите имаа напад за реми, но погрешија, за Бутел останаа уште триесетина секунди. И тие не погодија, но времето истече и мечот заврши 22-21.