Ракометарите на Охрид го добија езерското дерби против Струга со 19-21 и се радуваа на бодовите на едно од најнезгодните гостувања. Како и што се очекуваше и овој дуел беше со малку голови, драма, неизвесност, тензија…
Во првиот дел се играше најчесто гол за гол, иако и двете екипи по еднаш имаа предност и од плус два, сепак не успеаја да направат повисока предност. На пауза се замина со 11-11. Охриѓани останаа без Стефан Додиќ во финишот кој доби црвен картон поради три исклучувања, од кое едно поради приговор.
Големи возбудувања донесе вториот дел. По 13-13, на два пати реализираше Крстаноски и еднаш Маркоски, па стружани за првпат стигнаа до плус три, 16-13. Сепак во продолжение не го издржаа темпото што сами го наметнаа.
Охриѓани заиграа подобро во одбраната, во нападот преку Андоновски, Николов и Кривокапиќ ги казнија домашните грешки и поведоа со 16-17. Домаќините израмнија на 17-17.
Беше 17-19, а во последните три минути, Брауновиќ одбрани два пенали – на Јанкуловски и Кастратовиќ, па неговиот тим преку Николов реализираше за победа и нови три бода во суперлигашката конкуренција.