Драмата во Порто ја доби Динамо, се замрси борбата за место во елиминациите

Во неизвесен и ефикасен натпревар од Б групата на ЕХФ лигата на шампионите , романски Динамо Букурешт победи на гостински терен против Порто 31:32. Македонскиот голман Никола Митревски остана седум одбрани кои ги собра во првиот дел, во вториот поголем дел беше на клупата. Гостинската победа на Динамо ја закомпликува ситуацијата во групата и сега и романците влегуваат во игра за место во осминафиналето. Тие имаат 8 бода, исто колку и Порто и Мотор, и само 1 бод помалку од Флензбург кој е на 5. место на табелата.

Клучниот момент на мечот се случи на минтуа до крајот кога Сеид Хеидарирад ја запиша својата само втора одбрана на натпреварот, но во и тоа како важен момент. Тогаш Динамо доби напад за плус два. Нападот не беше реализиран, но не остана време за Порто, па бодовите завршија кај гостите.

Натпреварот започна со одбрани на голманите, а првиот гол го видовме дури во втората минута. И Митревски и Гедбан запишаа по една одбрана во првата минута. До 2:2 се играше изедначено, а тогаш Динамо со една серија од 0:4 го направи првото посериозно водство (2:6).

Оваа предност Динамо ја одржуваше некаде до 17-18 минута, тогаш две одлични интервенции во низа запиша Митревски, па португалскиот тим дојде и до минус еден (8:9). Дојде Динамо повторно до 8:10, а екс-вардарецот Кристијан Дисингер не реализираше за Динамо да ја врати предноста од три гола.

После тој промашен шут на Дисингер следуваше подобра игра на Порто, па Португалците предводени од Митревски на голот дојдоа до изедначување. Голот за изедначување на 10:10 го постигна Џибрил М’Бенгуе (10:10). Следуваше нов не реализиран напад на гостите, а тогаш Митревски од „гол на гол“ погоди за второ водство во натпреварот на Порто после 2:1 на почетокот. Последните минути во првиот дел донесоа изедначена игра и на пауза се замина со 12:12.

Вториот дел беше отворен со гол на Фабио Магалaeш за Порто, на спротивната страна веднаш возврати Каири Насарала. Откако Порто не го реализираше следниот напад Динамо го врати изгубеното водство од финишот на првиот дел (13:14).

Во 35. минута Гурбиндо погоди за водство од два гола на Динамо (14:16) и во следните минути се до 44. минута гостите ја одржуваа таа предност од гол-два. Порто на почетокот на последните 15 минути дојде до изедначување, по тој гол Пасквал повика тајм-аут (22:22).

Тајм-аутот скоро и да не промени ништо, гледавме игра гол за гол и во следните пет минути, па натпреварот полека влегуваше во неизвесна завршница. Во последните 10 минути од натпреварот резултатот на семафорот гласеше 26:26. Во тој период недостасуваа одбраните на голманите и на двете страни, Митревски повеќе беше на клупата, на голот на Порто во овие минути беше Франдсен.

Супер-ефикасните минути продолжуваа, никако некој од голманите да влезеше во серија и тогаш кога ќе имаа одбрана како Франдсен во 25. минута топката се одбиваше до противнички играч кој реализираше. Со една таква игра на три минути до крајот на семафорот стоеше 31:31 и не изгледаше дека некој од двата тима е поблиску до двата бода.

Најефикасен во редовите на Динамо беше Пасквал Гарсија со шест гола од седум обиди, по пет постигнаа Махмуд Ашем Шебиб и Сорендо. На спротивната страна Магалаеш беше стрелец на шест гола. Поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан, мечот го заврши со девет одбрани.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064