Ракометарите на Бутел Скопје и Пролет ремизираа во дербито на 12 коло од суперлигашкиот плеј-оф, 26-26. Во интересен натпревар, Пролет имаше поголема шанса за победа, но не го реализираше последниот удар.
Се играше гол за гол на до среедината на првото полувреме, до 7-7. Пролет во продолжение искористи неколку грешки во нападот на Бутел Скопје и успеа да се одлепи на предност од 7-10.
Беше 9-12, набрзина домашните преку екс ракометарите на Пролет, Спасовски и Младеновски намалија на 11-12, а до крајот на полувремето успеаја да се вратат во игра и израмнија на 13-13.
На стартот на вториот дел, Младеновски погоди за прво водство на Бутел, 14-13, но Аларов возврати веднаш. Ангелов го замени Цветковски на голот на Пролет, но немаше премногу полза од тоа, па домашните за првпат на мечот преку Младеновски стигнаа до плус два, 20-18.
Toa што тешко го градеа, лесно го загубија, па Пролет со три гола за две минути си ја врати предноста на своја страна, 20-21. Мојсоски од пенал израмни, а подоцна имаше уште една шанса, но Ангелов го прочита, па гостите преку Потиќ и Аларов стигнаа до 21-23 на десетина минути до крајот.
Печенковски на два пати беше подобар од Ангелов од линијата за седум метри, но Пролет се уште водеше, 23-24. Од безилезна ситуација гостите зголемија на 23-25, но Јевтиќ брзо возврати за 24-25 на пет минути до крајот.
Во последните две минути се влезе со резултат, 24-26, Мојсоски успеа да погоди од тежок агол за 25-26, а гостите промашија во следниот напад. Пикерот Јевтиќ донесе реми за Бутел, 26-26. Пролет имаше шанса во последниот напад, но не реализираше. Сепак и бодот значи скоро сигурно место во Европа.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА