Тиквеш може да жали што од Битола заминува само со еден бод, од мечот со Еурофарм Пелистер 2 што заврши 25-25 (11-11). Гостите од Кавадарци имаа огромна шанса да се вратат дома со полн плен, а во тоа ги оневозможи Стефан Талески кој во последните секунди од пенал реализираше за домаќините. И двете екипи остануваат во борба за место што води во европските купови, и разликата меѓу нив на табелата е два бода.
Во последната минута од мечот Тиквеш влезе со предност од 25-24 откако претходно голманот Александар Стојановски го одбрани пеналот на Милан Ѓукиќ. Но, во следниот напад кавадарчани не успеаја да реализираат, па последниот напад го имаа домашните ракометари. На седум секунди до крај по еден груб фаул врз Талевски од страна на Никола Стефановиќ, судиите досудија пенал а гостинскиот ракометар доби црвен картон.
Реналот го реализираше токму Талески кој на средбата постигна четири гола. И двете екипи имаа свои минути на мечот, но не успеаја да ја задржат предноста. Имаше две различни полувремиња. Во првото Еурфарм Пелистер имаше предност, иако н аполувреме резултатот беше 11-11.
Во второто Тиквеше се врати во игра, направи и предност во средината на второто полувреме од „плус 2“, а последните минути се играше “гол за гол“. Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 му гостува на Вардар, а Тиквеше е домаќин на Бутел. До крај на сезоната остануваат да се одиграат уште три кола.
|
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2ТИКВЕШ 2014
30 април 2022
25 - 25
Крај
|
Место
Спортска сала „Боро Чурлевски“ |