Некогашната македонска репрезентативка, која сега успешно гради тренерска кариера – Драгана Ристова, ќе биде нов тренер на вицепрвакот Куманово.
Ристова седум години беше во младинските категории и во првиот тим на Вардар, со кој бележеше одлични резултати во Женската лига.
Во играчката кариера беше дел од Скопје, Кометал Ѓорче Петров, Металург, Будуќност Подгорица, клуб со кој го освои трофејот во Купот на победниците на куповите, а играчката кариера ја заврши во Вардар, каде што подоцна ја започна тренерската работа.
Со Ристова во стручниот штаб уште ќе бидат асистент тренерот Славиша Димитријески, тренерот на голмани Сашо Божиновски, како и физиотерапевтот Воја Ангеловски.
Кумановки оваа сезона ги чека голем предизвик во Женската лига и борба за титулата, како и настап на меѓународна сцена во Европскиот Куп, каде ќе се соочат со составот на Макаби Рамат Ган од Израел.
Во Женската лига, Куманово ќе игра во групата А заедно со Скопје, Шампион, Спартак, Вардар, Чаир, Пелистер и Гевгелија.