До лани играа заедно во Еурофарм Пелистер, сега ќе му биде тренер во Прилеп

Екипата на Прилеп добива уште едно засилување, а овој пат се работи за репрезентативно со оглед на тоа што ракометарот кој треба да дојде има и настапи за Македонија на големите натпреварувања.

Филип Чурлевски нема да има место во Еурофарм Пелистер за следната сезона, но затоа има место во повратникот меѓу суперлигашите, Прилеп.

Горан Кузманоски, кој до пред неколку месеци беше соиграч со Чурлевски, сега ќе го има во својот тим и ќе му биде тренер.

Засега овој трансфер уште не е официјален, но се очекува набрзо да дојде до негова потврда и Чурлевски да биде играчот кој ќе го организира нападот на прилепчани во следната сезона.

Чурлевски треба да биеде третото засилување за тимот на Прилеп. Претходно својот потпис го ставија и Грузијците Реваз Чантурија и Зураб Цинцадзе. Покрај тоа беа продолжени договорите со Бикоски и Амзоски.