Женската репрезентација на Русија пристигна во Токио и на 25 јули го игра својот прв натпревар против Бразил.
Русија во Токио ќе настапи со кратенката Руски олимписки комитет и ова име ќе се користи кај сите спортисти од Русија без разлика дали станува збор за екипен или индивидуален спорт.
Една од најдобрите ракометарки во репрезентацијата на Русија, Ана Вјахирева по пристигнувњето во Токио даде изјава за „Теле Спорт“.
„Имајќи во предвид дека ситуацијата кај нас сега е тешка со спортот, мора да застанеме во одбрана не само за фудбалерите и хокеарите, туку и за целата наша држава. Нема да размислуваме за нечии порази и неуспеси, ние сме тука за да докажеме дека нашата земја е најдобра“, изјави Вјахирева.
На Олимписките игри во Токио, Русија ќе ја брани освоената олимписка титула од 2016 година.