Допрва ќе се разгори битката за опстанок – возбудувања во Неготино и Радовиш

Утре и задутре ќе се одигра 10. коло од разигрувањето за опстанок во суперлигашката конкуренција, по кое можеби некои нешта ќе станат појасно, а можеби и дополнително ќе се „замота клопчето“.

Тиквеш иако делуваше сигурен на првата позиција, сепак забележа два порази од Јуниор и Работнички, па ниту кавадарчани не можат да бидат мирни околу опстанокот пред последните пет натпревари.

Во Неготино, кавадарчани ќе го пречекаат Младост Богданци, кој ќе се обиде да го фати последниот воз, додека во Радовиш, тимот што забележа пет победи по ред го дочекува Прилеп и со триумф, ќе се израмни со прилепчани на табелата.

КЛ7 го пречекува Астраион, и се освен домашна победа ќе биде сензација, па и скопскиот тим ќе се врати во борбата за врвот. Работнички ќе игра дома со Јуниор КВ, а пораз за едниот од двата тима значи и теоретски шанси за опстанок. Како и да е, бевме сведоци оваа сезона на многу неочекувани резултати и изненадувања, па сигурно ниту последните пет кола нема да поминат без тоа.

Суперлига, плеј-аут, 10 коло:

КЛ7 – Астраион, среда, 16:30 часот
Радовиш – Прилеп, среда, 18:00 часот
Јуниор КВ – Работнички, четврток, 17:00 часот
Тиквеш – Младост Богданци, четврток, 19:30 часот

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142