По натпреварот помеѓу екипите на Ховде и Кристијанштад во рамките од шампионатот на Шведска, неколку ракометари од двете екипи направија редовен тест за случаен допинг.
Тестот покажа дека еден ракометар користел недозволена супстанца за време на домашното првенство.
Кај ракометарот на Ховде, Ричард Ханиш беше утврдено користење на недозволена супстанца, но тој во разговор со раководството на клубот изјавил дека не знаел дека користи недозволена супстанца и дека можеби по грешка ја проголтал преку додадок во исхрана, односно суплименти.
За неколку дена, Ханиш треба да го дознае резултатот и од Б тестот. Доколку Б тестот го покаже истиот резултат тогаш ракометарот го очекува суспензија од ракометните терени.