Ракометарите на Барселона во 28. коло од Асобал лигата убедливо ја совладаа екипата на Пуенте Хенил со 37:21 и ја продолжија доминацијата во домашното првенство.
Победникот на овој натпревар беше решен многу рано. После 30 минути Барселона веќе имаше двоцифрена предност кога водеше со 18:8. Во продолжение без многу напор стигнаа до уште поубедлив триумф.
Оваа победа за тимот на Чави Пасквал значеше и математички освојување на нова шампионска титула. На шест кола до крај на првенството Барселона има 13 бодови предност која е недостижна за второпласираната Бидасоа Ирун.
Титулата од сезоната 2020/21 ќе биде вкупно 28. во историјата на каталонскиот клуб која најверојатно ќе биде уште една освоена со максимален биланс. Сега ракометарите на Барселона можат да се насочат кон предизвикот во Лигата на шампионите каде што ќе се сретнат со Мешков Брест во четврт-финалето.