Доминантна победа на Вардар за одржување на перфектниот биланс

Ракометарките на Вардар остварија лесна победа против новиот учесник во Женската лига, Вардар Кузман Илинден со 41:17. Ова беше дуел од 4. коло на кој вардарки на домашен терен убедливо се изборија за триумф.

Победникот на дуелот беше решен многу рано, а првата двоцифрена разлика во корист на Вардар беше при резултат 13:3 со што ја најавија убедливата победа. По првите 30 минути резултатот беше 23:5.

Во вториот дел гостинките имаа подобра реализација, но недоволно за посилен отпор и нешто повеќе на оваа средба. На тој начин составот на Кузман Вардар Илинден беше немоќен на дуелот и мораше да се помири со нов пораз од многу подобриот противник со високи 17:41.

ВАРДАР – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН      41:17 (23:5)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

ВАРДАР: Трајковска, Божиновска 4, Грујовска, Џатевска 4, Паковска, Трпевска 6, Гроздановска, Костовиќ 1, Миновска 6, Седлоска 4, Коларовска 3, Галевска 1, Стаменкова 3, Васевска 2, Дамјановска 2, Николиќ 5.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Ѓорѓиева 3, Николова,  Додевска, Ивановска, Сандева, Бојковска, Фидановска 2, Јакимовска, Буразер, Блажевска 8, Филипова 1, Кириловска, Спасовска, Ивановска.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.