Репрезентативките на Франција дојдоа до победа од 32:22 против светскиот првак Холандија и со најубедливиот триумф се најдоа во полуфиналето на олимписките игри во Токио. Французинките имаа неверојатна партија со која и повеќе од заслужено дојдоа до висок триумф.
После само десетина минути веќе беше јасно каков ќе биде епилогот на оваа средба бидејќи Франција тргна силно во натпреварот. Многу брзо беше обезбедено водство од 12:3 и набрзо потоа и со 14:4.
Овие плус десет не беа зачувани, но играта со која Франција влезе во натпреарот и со која го финишираше првото полувреме беше сосема доволна за да се обезбеди предност од 19:11 на полувреме.
Вториот дел требаше да се одигра тактички и да не се дозволи Холандија да се врати. Светскиот првак од 2019 година не можеше да го донесе нивото на игра како на почетокот на игрите и тоа беше проблем. Девојките се обидоа, но намалија до шест разлика. Одбраната на Франција и расположената Лејно беа причина да нема шанси за многу погодоци, па Французинките лесно ја одржуваа предноста.
Успеаја да останат во висока позитива и на крајот да обезбедат плус десет гола за конечни 32:22 со што беше обезбеден голем триумф на овој дуел со кој беше обезбедена пресметка против Шведска во полуфиналето.
Флипес со шест, Фопа со пет и Ларурс со четири гола беа најефикасните во редовите на Франција. Кај Холандија, Ангела Малестајн постигна пет гола.