Репрезентацијата на Австрија ја обезбеди втората победа на Европското првенство, откако во второто коло од групата Б ја победи репрезентацијата на Украина со 34-30. Сепак ќе мора да го почека последниот дуел од групата против Македонија за да обезбеди пласман во втората фаза.
Фримел ја отвори резултатската сметка на домашниот тим, а по него Дорошчук биеше прецизно за Украина. Првото полувреме ниту една екипа не успеа да создаде посериозна предност. Иако Австриците во поголем дел од полувремето имаа минимална предност, средината на првиот дел им припадна на Украинците. По првите триесет минути Австрија замина на одмор со гол предност и резултат 18-17.
Како заврши првиот дел така продолжи вториот. Во резултатски неизвесен натпревар, Украина ја бркаше минималната предност на домаќинот, но расположениот Божовиќ и неколку квалитетни интервенции на голманот Ејхбергер ја подгреваа атмосферата во полната „Штадхале“. Отпорот на Украина се скрши во самиот финиш на натпреварот, па во последните две минути од дуелот Австрија создаде недостижна предност која заврши со четири голови разлика и конечни 34-30
[soliloquy id=”121052″]
Австрија 34-30 Украина (18-17)