Репрезентацијата на Словенија беше убедлива против Турција во Ескишехир и славеше со 30:22 во квалификацискиот натпревар од групата 5 за пласман на Европското првенство 2022 во Унгарија и Словачка.
Со изменет и помладен репрезентативен состав, Љубомир Врањеш и неговите ракометари немаа сериозни проблеми, освен во првите осум минути кога резултатот беше 4:4.
Ракометарите на Словенија на полувреме имаа предност од 16:11. Во вториот дел, шанса на теренот имаа и младите словенечки ракометари, Новак, Макуц и Малус. Домаќините немаа свои адути за изненадување бидејќи нивните главни ракометари беа добро чувани во вториот дел.
Најефикасен во составот на Словенија беше Јуре Доленец со 12 гола од 13 шута. Во репрезентацијата на Турција, Бицер Горкем беше најефикасен со седум гола.
Следен предизвик за Словенија е репрезентацијата на Полска, натпреварот помеѓу двете селекции е закажан за 29 април. Турција ќе се подготвува за натпреварот против Холандија закажан за 29 април во Ескишехир.
Словенија има седум бода на првото место, Холандија е втора со пет, додека Полска има четири на третото место.