Тимот на Радовиш полека го комплетира играчкиот кадар за претстојната сезона во Првата лига.
Управата на клубот посакува експресно враќање во елитата, а за таа цел веќе ангажираше неколку засилувања.
Поранешниот играч на Радовиш, Александар Долдуров, кој минатата сезона ја заврши кариерата, ќе му биде асистент на тренерот Љупче Мијалов.
Радовишани вратија во составот тројца млади ракометари – крилата Костадин Ѓоргиев и Филип Димов, како и бекот Јован Ѓоргиев.
Во следниот период треба да биде потврден системот на натпреварување во Првата лига и бројот на екипите што ќе играат.