Долгата пауза остави последици – многу повреди на ракометарите низ Европа

Долгата пауза која ја предизвика коронавирусот и раното прекинување на превенствата ширум Европа има последици врз ракометарите. И тренерите и играчите навестуваа дека рестартирањето ќе биде многу тешко и тоа се остварува.

Откако ги започнаа подготовките за новата сезона, многу ракометарите се соочуваат со повреди. Најчесто тоа се полсени повреди, но има и такви пред кои е долга пауза.

Иако ракометарите во паузата се подготвуваа индивидуално тоа беа најчесто тренинзи за физичка подготвеност додека ретко кој имаше можност да работи и со топка. Како резултат на тоа повредите на прстите станаа многу застапени. Реномираниот рускиот портал „Брз Центар“ направи преглед на повредите на ракометарите и ракометарките низ Европа.

Никлас Екберг од Кил и Анте Токиќ од Ајзенах имаат вакви повреди кои ќе ги одалечат од терените од шест до осум недели. Играчот на Мелсунген, Михаел Алендорф имаше полесна повреда на мускулот и тој ќе отсуствува две недели. Средниот бек на Азоти, Рафал Пржибилски има повреда на ногата и ќе паузира околу еден месец.

Ракометарите кои имаат проблеми со повредите во своите кариери сега имаат дополнителни проблеми. Репрезентативецот на Австрија, Доминик Шмид трет пат за две години ќе оди на подолга пауза заради повреда. Исто така соиграчот на Лазаров во Нант, Александре Кавалканти заработи иста повреда на стапалото како минатата сезона и ќе паузира до декември.

Ниту помладите играчи не ги заобиколуваат повредите. Хаукур Трастарсон, новиот играч на Келце мораше од страна да го следи првиот тренинг на својата екипа, откако се повреди додека самостојно тренираше додека беше на одмор. Тој има скршеница на ногата и пред него е пауза од неколку недели. Исто така и младиот Данец од Скјерн, Оливер Норлик ќе го пропушти почетокот на сезоната. Долга пауза им претстои и на Емил Лерке од Гудме кој ја повреди ахиловата тетива и Мортен Виум кој има слична повреда. Овие ракометари најверојатно нема да се опоправат од повредите до крајот на годината.

Повредите кај ракометарките се помалку застапени, но има неколку повреди и кај нив. Во прв план е повредата на светската шампионка Естевана Полман, таа се повреди на тренинг и ја очекува операција. Засега не е познато колку ќе отсуствува, но нејзиниот клуб Есбјерг се активираше на трансфер пазарот да најде нејзина замена што значи подолго отсуство за Полман.

18-годишната ракометарка на Ѓер, Лора Курти ќе паузира еден месец заради повреда на бутниот мускул. Потешки повреди имаат Адриана Маркштајнер од Рокаса Гран Канарија, Лина Грентс од Олденбург и Јасмина Јанковиќ-Ребман од Гепинген кои нема да се вратат на терените годинава.

Пред нас е една сезона многу поразлична од претходните, каде што најверојатно големо влијание за подготвеноста на екипите ќе имаат лекарските тимови.