Додиќ отпадна, Србија со еден вардарец оди на двомеч со Словенија

Селекторот на ракометната репрезентација на Србија, Тони Херона го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата (10-17 април) и бараж двомечот со Словенија за пласман на Светското првенство.

Од претходниот поширок список на Херона отпадна ракометарот на Вардар, Стефан Додиќ кој ќе биде дел од младинската репрезентација. На списокот остана вториот вардарец, Дарко Ѓукиќ.

Србија првиот натпревар против Словенија ќе го играат на 13-ти април во Целје, додека реваншот е закажан за 16-ти април.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

ГОЛМАНИ – Дејан Милосављев (Берлин, Германија), Владимир Цупара (Веспрем, Унгарија), Милан Бомаштар (Адемар Леон, Шпанија)

ЛЕВИ КРИЛА – Немања Илиќ (Феникс Тулуз, Франција), Вања Илиќ (Шартр, Франција)

ПИКЕРИ – Мијајло Марсениќ (Берлин, Германија), Драган Пешмалбек (Нант, Франција)

ДЕСНИ КРИЛА – Богдан Радивојевиќ (Мол Пик Сегед, Унгарија), Дарко Ѓукиќ (Вардар, Македонија)

БЕКОВИ- Петар Ѓорѓиќ (Бенфика, Португалија), Илија Абутовиќ (Рај Некар Левен, Германија), Урош Борзаш (Феникс Тулуз, Франција), Стеван Сретеновиќ (Мешков Брест, Белорусија), Лазар Кукиќ (Бенфика, Португалија), Ѓорѓе Ѓекиќ (Шартр ) , Франција), Марко Милосављевиќ (Адемар Леон, Шпанија), Милош Орбовиќ (Луцерн, Швајцарија), Јовица Николиќ (Војводина), Немања Зеленовиќ (Гепинген, Германија)