Европската ракометна федерација одбра седум млади ракометари кои во продолжение на квалификациите за ЕП 2022 би можеле да блеснат и да го привлечат вниманието на јавноста.
Во друштвото на Домен Макуц од Барселона, Емил Нилсен од Нант, Оскар Сунефелт од Кил, Јури Кнор од Минден, Николај Лесо од Алборг, Јанис Лене од Монпелје, се наоѓа и членот на Металург – Стефан Додиќ.
Најмладиот стрелец во Лигата на шампионите, оваа сезона доби голема минутажа во тимот од Автокоманда. Поминува повеќе време на теренот во споредба со претходните години, и во Лигата на Европа даде 13 голови на три средби, а во Суперлигата е еден од најдобрите стрелци на Металург.
ЕХФ го опишува Додиќ како „фул пакет“, среден бек што има желба да се истакне и како реализатор. Селекторот на Србија, Тони Херона, го повика во сениорската репрезентација за дуелите со Франција и Грција од квалификациите за ЕП 2022 година.