Стефан Додиќ на денешниот натпревар против Струга дебитираше за Вардар во Суперлигата.
Против Струга, Додиќ во игра влезе во последните десетина минути од првиот дел и не чекаше многу за првенецот во дресот на „црвено-црните“
Веќе во 24. минута погоди во мрежата на Струга. До крајот на полувреме и уште еднаш се запиша во листата на стрелци.
Вардар ја победи Струга со 35-22 и македонскиот првак од првата позиција влегува во разигрувањето за титулата, додека гостите ќе играат за опстанок.