Тимот на Стружанка славеше во финалето на завршниот турнир кај кадетките против Ѓорче Петров со 28-24 и го освои трофејот.
По финалниот меч беа доделени и индивидуалните награди, а беше прогласен и ол-стар тимот на турнирот.
За МВП на турнирот е прогласена Елена Балоска, среден бек на Стружанка, додека најдобар стрелец е Јана Петровска од Делчево.
Идеален тим на Ф4 кадетки:
голман: Ива Дафинческа – Стружанка
лево крило: Ива Миноска – Стружанка
лев бек: Стефани Ристиќ – Скопје
среден бек: Јана Петровска – Делчево
десен бек: Маја Раткушиноска – Стружанка
десно крило: Ева Божиновска – Ѓорче Петров
пивот: Симона Блажевска – Ѓорче Петров