Слободниот период без официјални натпревари во Првата лига, тимот на КЛ7 го искористи за играње на пријателски дуели со суперлигаши.
Првиот натпревар, момците на Андон Бошковски го одиграа со Пролет и го загубија со 31-28. Во вториот натпревар Металург 2 беше подобар од КЛ7 со 28-24.
Новиот прволигаш ја одржува формата додека нема официјални натпревари, па одигра и еден тренинг натпревар со Вардар Јуниор.