Репрезентацијата на Исланд ќе биде засилена со тројца ракометари за дуелот со Црна Гора што претходно беа позитивни на коронавирус.
Во составот на „рибарите“ се враќаат Арон Палмарсон, Бјарки Мар Елисон и Елвар Орн Јонсон, кои добија негативни тестови и излегоа од изолација.
Доколку Исланд слави над Црна Гора, а истото го направи и Данска против Франција, тогаш Исланѓаните ќе играат во полуфиналето на ЕП.
Селекторот Гудмундур Гудмундсон повика уште двајца ракометари – левиот бек Бјарни Валдимарсон од шведскиот Сковде и левото крило Дагур Гаутасон од Стјарнан.
Досега на ЕП, беа позитивни дури 11 ракометари од Исланд, а бројката сега се намали на осум.
Натпреварот меѓу Исланд и Црна Гора се игра денеска во „МВМ Арена“ со почеток во 15:30 часот.