Добрите игри во Вардар му донесоа камбек во репрезентацијата (ФОТО)

Пивотот на Вардар, Патрик Валчак после добрите игри на стартот од сезоната во редовите на Вардар, доби нов повик за настап во репрезентацијата на Полска.

Тој е повикан за претстојната ЕХФ недела во која селекцијата на Полска ќе ги одмери силите со Словенија (5 ноември) и Холандија (8 ноември).

Се работи за натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, па ова е одлична можност за пивотот на Вардар да се покаже и во националниот состав.

Полска во последните години не е на нивото од минатото кога водеше главна улога и на натпреварите на големите натпреварувања, па се создава тим кој ќе може да ја врати старата слава од времето на Шмал, Билецки, Јурецки…

Валчак настапи за полската репрезентација на СП 2017 година во Франција, потоа беше дел од и од квалификациите за ЕП 2018 и СП 2019, но не се најде во изборот на Патрик Ромбел за ЕП 2020 година.