Февруари традиционално е месец во кој учиме за ретките болести. Оваа година националната кампања „Запознајте ги ретките болести“ во организација на Здружението „Ретко е да си редок“ се спроведува во соработка со компанијата Mozzart која го поддржа проектот.
Веќе петта година по ред, месец февруари повторно станува редок, како болест што може да ја има оној што седи до вас во автобус, ресторан или парк. Ништо не се знае за нивната „невидлива“ попреченост и малку се зборува во текот на годината, па затоа националната кампања ја менува реалноста.
Во текот на 28-те дена во февруари, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со 28 ретки болести, како и за методите на дијагностицирање, лекување и предизвици со кои се соочуваат лицата кои боледуваат од ретки болести.
„Во текот на годината многу малку се зборува за ретките болести и тоа е тема која не е доволно застапена во општеството, поради што решивме да го поддржиме и да бидеме дел од овој голем проект за кој слободно можеме да кажеме дека станува препознатлив во нашето општество со долгогодишна традиција“, истакна Љубица Толовска од компанијата Mozzart.
Првиот ден на ретки болести беше прославен во 2008 година на 29 февруари, редок датум што се случува само еднаш на секои четири години. Оттогаш, Денот на ретките болести се одржува секоја година на последниот ден од месец февруари, месец познат по својот редок броj на денови.