Добра игра, но недоволна за победа – Грешките го чинеа Вардар нов пораз во ЛШ

Ракометарите на Вардар имаа добри периоди на средбата против Пик Сегед, но им недостигаше малку за да успеат да дојдат и до победа против тимот од Унгарија и да се израдуваат на нови бодови така што од гостувањето се враќаат со пораз од 31:34.

Во текот на целата средба имаше надигрувања. И двете екипи имаа свои периоди, имаа и расположени голмани, но и грешки.

Почетокот им припадна на домашните кои успеаја да дојдат до предност и имаа контрола на натпреварот. Стигнаа до највисоки 11:7 на средина од првото полувреме, но тука после влагањето на Томовски почна и подобриот период на игра. Запре неколку удари на противникот и овозможи Вардар да се врати во ритам и да дојде до израмнување од 13:13.

Сепак, последните моменти од првиот дел не беа одработени најдобро така што Пик Сегед стигна до предност и на пауза отиде со 17:15.

Второто полувреме тргна одлично. Томовски продолжи со серијата на интервенции, а колегите го користеа тоа. Иако Пик Сегед беше во постојано водство се израмнуваше. Во 37. минута беше 20:20, а Талески не успеа да искористи топка од лево крило за водство. Тука домашните одново дојдоа до предност и влегоа во завршницата со предност од гол до два.

Вардарци се трудеа да се вратат одново и повторно да израмнат, но не одеше најдобро. Пик Сегед го имаше Миклер кој кога требаше успеа да одбрани неколку топки и во 49. минута домашните имаа 28:24.

Последните десет минути беа одиграни со константна предност од три гола на Пик Сегед. Вујовиќ се обиде да се направи нешто во овој дуел и да се сменат работите на теренот одново, но беше тешко и во завршницата мораше да биде потпишана четвртата капитулација во Лигата на шампионите.

18 ноември 2021
34 - 31
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 ноември 2021 20:21 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2021/2022 18.11.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПИК СЕГЕД1734Победа
ВАРДАР 19611531Пораз

ПИК СЕГЕД

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Кент Робин Тонесендесен бек08
9Рихард Бодолев бек02
10Мигел Мартинс Соарезцентрален бек13
15Ник Хенигманлев бек00
16Роланд Миклерголман00
17Богдан Радивојевиќдесно крило00
22Матеј Габерпивот10
24Марио Шоштариќдесно крило01
25Себастијан Фримеллево крило19
27Бенце Банхидипивот03
32Мирко Алиловиќголман00
41Иманол Алустизадесен бек00
44Деан Бомбачцентрален бек04
45Миклош Ростапивот00
71Александре Кристоферсен Блонцлево крило00
 Вкупно 330

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
5Стојанче Стоиловпивот01
6Оливие Њокаслев бек01
7Патрик Валчакпивот13
9Гоце Георгиевскидесно крило00
10Кевин Њокасдесен бек14
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек02
14Јан Чуваралево крило00
24Анте Гаџацентрален бек06
28Филип Талескилев бек12
31Тимур Дибировлево крило07
45Дарко Ѓукиќдесно крило15
47Анте Кудузлев бек00
55Стефан Атанасовскипивот00
 Вкупно 431

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140