Довчерашниот тренер на Кастамону, Клас Могенсен во понеделникот беше претставен за нов асистент во машкиот тим на Сондерјуске, а денес за нов тренер во женскиот тим на Хорсенс.
Могенсен клупата на Хорсенс во новата натпреварувачка сезона 2022/23 ќе ја преземе од тренерската палка од Јан Лесли, кој иако имаше договор со данскиот клуб до јуни, 2024 година, сепак двете страни се договорија спогодбено да ја прекинат соработката.
50-годишниот тренер токму во Хорсенс ја стартуваше својата тренерска кариера, која беше проследена со забележителни успеси во Данска.
Искусниот стратег во сезона 2016/2017 беше прогласен за најдобар тренер во Данска, додека во 2016 година го доби првото признание надвор од границите на својата татковина.
Поради одличните резултати со Бјасен, Могенсен ги освои норвешките симпатии и ја доби наградата за најдобар тренер во Норвешка.