Добија негативни резултати на Ковид, се израдуваа како да освоија злато на ЕП (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Србија и Холандија ќе се одигра денеска од 20:30 часот откако ракометарките на нашиот северен сосед добија добри вести после третото тестирање за неколку дена на Ковид 19.

Ракометарките на Србија денеска беа известени дека нивните тестови се негативни.

Ова значеше дека ќе можат да се најдат на терен и да го одиграат натпреварот против Холандија. Средбата е закажана за денеска од 20:30 часот така што Србинките излагаат на терен.

Радоста од добиените вести беше огромна и ракометарките не можеа да ја скријат туку излегоа во ходникот на хотелот каде што се сместени и почнаа да се радуваат. Тие беа два дена во изолација во Данска откако имаа позитивни тестови кај две ракометарки, а заедно со нив во карантин во друг хотел беа и нивните цимерки. Другите од репрезентацијата до денеска беа во изолација додека не добија негативни резултати, а денеска имаа трето тестирање.

Како изгледаше радоста може да се види во видеото во продолжение.