Доаѓа лутиот ривал Веспрем – билети за седење нема, Вардар пушти дополнителни за стоење!

Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите против тимот на Веспрем пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат пуштени во продажба дополнителни билети.

Истите се за секторот СТОЕЊЕ, а цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за в недела, 1 декември во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.