Данскиот шампион ГОГ Гудме, со триумфот над Алборг со 32-24, обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
ГОГ доаѓа од гратче што има само 900 жители, и стана тимот од најмало место што ќе игра во ТОП 8 од најквалитетното европско натпреварување.
Иако загубија на првиот меч во Алборг со 30-28, сепак ја надоместија негативата на реваншот и заслужено одат понатаму.
Меѓу тимовите што се од мали градови (под 50.000 жители), а обезбедиле место меѓу најдобрите осум тима во ЛШ, се уште еден дански тим, еден германски и уште четири од Балканот.
Тоа се Скјерн (Скјерн – 8.000 жители), Ловќен (Цетиње – 14.000 жители), Метковиќ Јамбо (Метковиќ – 17.000 жители), Цимос Копер (Копер – 25.000 жители), Целје (Целје – 38.000 жители) и Лемго (Лемго – 41.000 жители).
Ривал на ГОГ Гудме во четвртфиналето од ЛШ ќе биде европскиот првак Барселона.