Германскиот интернационалец од Вардар, Кристијан Дисингер, конечно ја покажа девојката од Македонија на социјалните мрежи.
Досега само неговата понежна половина, Марија Андоновска, повремено објавуваше заеднички фотографии, а сега и Дисингер се пофали со неа.
„Најдобрата поддршка – уживање е да се биде во карантин со тебе!“, напиша Дисингер.
Марија е сестра на Душица Андоновска, која ќе му стане сопруга на Игор Карачиќ, па Дисингер е на добар пат да му стане баџанак на Хрватот.