Пред дуелот против Кил во редовите на Вардар на мали проблеми се жали ракометарот од Германија, Кристијан Дисингер, кој кај „црвено-црните“ дојде од тимот на Кил. Тренерот Писонеро извести дека имал мали проблеми во минатите денови.
„Сите ракометари работат без проблеми. Подготвени се за она што претстои. Неделава Дисингер имаше проблеми, но и со него ситуацијата е добра. Тој ќе биде подготвен за да го даде максимумот на теренот. Според тоа сите кои се во комбинација за настап и ќе бидат на терен и ќе можеме да сметаме и на Дисингер“, коментираше Писонеро.
Останува и понатаму Стоилов и Толедо да бидат надвор од комбинација за настап така што тие останува за натамошниот дел од сезоната да се приклучат на натпреварите.