Поранешниот германски репрезентативец и ракометар на Вардар, Кристијан Дисингер, го раскина договорот со Динамо Букурешт.
Левиот бек се пресели во Катар, во тимот на Ал Духаил, каде што ќе игра до крајот на оваа сезона.
Дисингер откако замина од Вардар се пресели во Романија, но таму не му тргна во посакуваната насока.
Не добиваше голема шанса од Хавиер Пасквал, играше само во домашното првенство, а во ЛШ не беше ниту во ростерот.
Германецот дојде во Вардар во 2018 година и остана до 2021 година. Со македонскиот тим освои една титула во Лигата на шампионите, една во СЕХА лигата и две титули во Македонија.