Дисингер пристигна во Букурешт и почна со новиот клуб (ВИДЕО)

Ракометарот кој пред неполни два месеци го напушти тимот на Вардар, Кристијан Дисингер пристигна во Романија и почна со тренинзи во редовите на Динамо Букурешт.

Тој имаше можност да се запознае со новите колеги, а беше еден од првите кои пристигнаа пред салата каде што беше означен стартот на подготовките за новата сезона.

Како што е познато нов тренер на Динамо Букурешт е Чави Пасквал, стратегот со кој Барселона стигна до круната во Лигата на шампионите.

Екипата на Динамо Букурешт летово донесе многу нови ракометари. Во клубот покрај Кристијан Дисингер пристигнаа и Седрик Сорендо, Алекс Пасквал (Барселона), Роберт Милитару, Раул Нант (ЧСМ Букурешт), Дан Ракоцеа (Бидасоа Ирун), Камел Алуини (Ал-Наср), Ахмер Каири (Стеауа) и Калин Деду (Политехника Темишвар).