Натпреварите на Европското првенство женска конкуренција кое е во тек и се одржува во Данска во следните денови ќе може да се следат на кабелската ТВ Клан.
Директни преноси ќе има од втората фаза и од завршниот викенд, а денеска и утре кога финишира првиот круг на Европското првенство ќе има снимки во 23 часот.
Од денешната програма натпреварот кој ќе биде емитуван во снимка е Германија – Полска. Се работи за дуел кој може да одлучува за пласманот во следната рунда и затоа е доста интересен.
Утре, пак, ќе има снимка од дуелот меѓу Србија и Хрватска, кој се очекуваше да биде директен дуел за пласман во следниот круг, но Хрватките веќе се пласираа, а Србија се бори за пласман. Затоа сега ќе биде уште повобудливо.
Според најавите од ТВ Клан, од вториот круг почнуваат и директни преноси, а кои натпревари ќе бидат емитувани ќе биде познато в среда кога ќе биде познат и целосниот распоред за втората рунда.