Пред Вардар и Загреб е важен натпревар во Лигата на шампионите и за двете екипи бодовите од утрешниот натпревар се и тоа како важни.
Со неочекуваната победа против ПИК Сегед, Загреб си ги отвори можностите за осминафинале, а еден од најдобрите во тој триумф на тимот од Хрватска, беше голманот Дино Славиќ. Тој верува дека со два бода од Скопје, Загреб веќе би го обезбедил пласманот во следната фаза.
„Во Загреб цел натпревар беше на гол-два, сега го променија тренерот и понесени од таа шок терапија го добија Монпелје. Колку што знаеме Гаџа им е повреден, но имаат неколку вонсериски играчи како браќата Њокас, Стоилов, Моралес, Дибиров, Талески… Ние со два бода веројатно би го обезбедиле осминафиналето“, изјави Славиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра утре од 20:45 часот, а ќе потсетиме двете екипи на табелата во групата ги дели само еден бод.