Селекторот на Франција, Дидие Динар го објави скратениот список на репрезентацијата пред настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Очекувано, на списокот ги нема повредените Кентан Мае од Веспрем и Лука Карабатиќ од ПСЖ, но Динар ќе смета на десниот бек Недим Ремили, кој би требало навреме да биде подготвен за континенталниот собир по повредата што го мачи изминатиот период.
Сепак тука се Никола Карабатиќ, Мелвин Ричардсон, Елохим Пранди, Ромен Лагард, па нема многу да се почувствува отсуството на Мае, додека на пикер Франција исто така добро е покриена со Турна, Сорендо и Фабрегас.
Подготовките ќе започнат на 26 декември, а настапот на турнирот од “Златната лига” и дуелите против Србија и Данска, ќе бидат единствена контрола за Франција пред ЕП.
На континенталниот собир “експертите” се во група Д со Португалија, Норвешка и Босна и Херцеговина.