Ракометарите на Кил го потврдија пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите и одат на двомеч со ПСЖ, иако на реваншот загубија од Динамо Букурешт со 32-31 на домашен терен.
Сепак огромната победа од Романија минатата недела со 41-28, беше доволна за пласман во ТОП 8 воо елитната конкуренција.
Кил водеше со 6-3 на стартот, но потоа романскиот шампион растоварен од притисокот, играше одлично и го доби првото полувреме со 17-16.
Во второто полувреме „зебрите“ направија пресврт, поведоа со два гола, но дозволија одново на десет минути до крај Динамо да поведе преку Пасквал со 28-26.
Германците кои беше очигледно дека штедеа сили за следните предизвици, одново се вратија во игра и преку Пекелер поведоа со 31-30 кога имаше да се игра уште триесетина секунди.
Гостите прво израмнија на 31-31, а имаше уште 11 секунди и тајм-аут за Кил. Пробаа домашните со седум на шест, имаа погрешно додавање и Акименко погоди на празна мрежа за сензационална победа на Динамо Букурешт, но во исто време и пирова.
Eкберг даде девет, а Јоханнсон четири гола за Кил, додека голманот Мрква имаше 13 одбрани. Кај победникот, пет од пет имаше Кудуз, по четири пати стрелаа Гарсија, Кашпарек и Кукиќ, додека голманот Гедбан собра 12 одбрани.